Војдан Поп Георгиев е првиот македонски драмски автор во чии дела прозвучи мајчиниот, македонски, јазик. Тој бил доста коректен кон македонскиот јазик и еден од основните критериуми за членство на актери во неговата драмска група било солидно познавање на македонскиот јазик. Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на македонците и борбата за слобода. Тој со своите текстови го бодрел и храбрел македонскиот народ. Тој со своите ставови за македонскиот идентитет и со своите залагања за организирање на востание за конечно ослободување на Македонија, здобил големи симпатии како од македонската така и од странската јавност
Тој со своите дела извршил големо влијание и кај некои други македонски автори како што се: Димитар Хаџи- Динев (ја напишал драмата Револуционер), Марко Цепенков (го напишал текстот Црне Војвода) и Никола Киров Мајски (ја напишал драмата Илинден)
Во 1929 година, Војдан Поп Георгиев отишол во посета на еден дом за сираци каде им подарил примероци од својата драма Македонска крвава свадба. По тој повод, Војдан изјавил:
„Се надевам дека по прочитувањето на книгава секој питомец добро ќе го запомни прочитаното и никогаш не ќе го заборави јазикот на кој е напишана, јазикот на кој зборувале неговите прадедовци, родители и роднини и на кој ќе зборуваат и покрај физичкиот и морален терор на сегашните поробители на татковината Македонија, сите идни поколенија што ќе ја населуваат оваа света земја“.
Во чест на Војдан Поп Георгиев, во Прилеп се одржува македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Драмски текстови:
- Дрварите (1895)
- Во меаната (1896)
- Македонска емиграција (1897)
- Македонска крвава свадба (1900)
- Од глаата си патиме (1902)
- Робот и агата (1902)
- Зло за зло (1903)
- Срешта (1903)
- Мајстори (1903)
- Духот на слободата (1909)
- На реката (1921)
- На Нова година (1921)
- Цар Пир (1921)
- Бурите крај Вардар (1925)
- Цвета војвотката (1929)
- Слав Драгота (1930)